Connect with us

Фудбал

Фирмино во судиското продолжение го сруши ПСЖ, Наполи ремизираше со Звезда

Посебно интересно беше во групата Ц, каде Ливерпул го совлада ПСЖ, а Звезда ремизираше со Наполи.

Ливерпул е во страшна форма и во Премиер лигата каде од пет натпревари има пет победи, а одличната серија ја продолжи и во Лигата на шампионите така што го совлада ПСЖ.

Составот на Јирген Клоп имаше предност од 2:0, а гостите од Париз успеаа да изедначат, но во судиското продолжение Фирмино постигна гол.

Прво Даниел Стариџ во 30. минута постигна гол за 1:0, а во 36. минута Милнер беше прецизен од белата точка и зголеми предноста на Ливерпул на 2:0, но Мунир во 40. минута постигнува гол за ПСЖ и ја намалува негативата на 2:1.

Редсите вечерва беа подобри и во двете полувремиња, но Мбапе во 83. минута изедначува на 2:2, а Фирмино постигна гол за победа на Ливерпул во 93. минута.

Во Вториот натпревар од оваа група Звезда го пречека Наполи, а црвено-белите покажаа дека не „залутаа“ во нај елитното клупско натпреварување во Европа.

Фудбалерите на Наполи беа навистина добери, имаа неколку одлични шанси, но Звезда ја сочува мрежата и му донесе голем бод, а настапот во Лигата на шампионите беше првиот после 26 години.