Фудбал
Флик покажа кој е шеф: Од клупата го внесе скапо платеното засилување, а потоа го извади од игра
Фудбалерите на Баерн вчера славеа со 2:1 во дербито од 13. коло на Бундеслигата против Баер Леверкузен.
На овој натпревар се случи интересна ситуација, а главната улога ја имаа тренерот на Баерн, Ханси Флик и фудбалерот Лерој Сане.
Имено, во 32-та минута Коман се повреди, а наместо него во игра влезе Лерој Сане, скапо платеното засилување на Баерн.
Сепак, тој беше на теренот до 68. минута, кога Флик реши да го извади од игра, а наместо него, на теренот влезе Мусиала.
Сане беше шокиран од одлуката на тренерот, и беше разочаран и малку незаинтересиран за гледање на остатокот од натпреварот.