Connect with us

Фудбал

Флорентино Перез случајно откри кога Мбапе ќе дојде во Реал Мадрид (ВИДЕО)

Цела Шпанија зборува за тоа, се чини дека Флорентино Перез е сериозен во намерата во Реал Мадрид да го донесе Килијан Мбапе. Според шпански „Ас“, Реал подготвил шестгодишен договор за Французинот, кој има голема желба, дури и сакаше ова лето да го облече дресот на „Кралевите“.

Реал би можел бесплатно да го донесе, со оглед на тоа дека тој одбива да го продолжи договорот со ПСЖ кој му истекува следното лето.

А, синоќа откако заврши мечот Реал Мадрид-Виљареал (0:0) навивач му притрчал на Флорентино Перез и го прашал кога Мбапе ќе дојде, а овој одговори: Следното лето!