Connect with us

Тајмаут

„Фондација Новак Ѓоковиќ“ за прв пат во Скопје организира панел дискусија како дел од програмата „На патот на Шампионот“

Програмата на „Фондација Новак Ѓоковиќ“, „На патот на Шампионот“ се проширува низ регионот. По седум исклучително интересни и посетени настани ширум Србија и презентациите во рамки на Експо 2020 во Дубаи и Загреб во ноември минатата година, третото меѓународно издание ќе биде јавната панел-дискусија со работен наслов „Чиста мотивација“ која ќе се одржи на 11. февруари од 17 часот, во хотел „Holiday Inn“ во Скопје. Преку едукација и поддршка, оваа програма е посветена на помагање на родителите и тренерите на идните спортисти, а со цел нивно зајакнување во оваа особено сериозна улога.

Со поддршката на Даријан Трајанов, на панел дискусијата ќе се претстават еминентни учесници најдобриот македонски и светски афирмиран ракометар и актуелен селектор на Ракометната репрезентација на Северна Македонија, Кирил Лазаров, познатиот и истакнат  кардиохирург и алпинист Проф. д-р Сашко Кедев и олимписката репрезентативка во карате и основач на спортска школа за деца, Пулексенија Јовановска. Домаќин и модератор на панел дискусијата ќе биде авторката на програмата „На патот на шампионот“ и поранешната „Фед Куп“ репрезентативка на Србија во тенис, Ана Јовановиќ која ќе ја води размената на стручните искуства, знаења и информации на панелистите – придружено со конструктивни прашања и интеракција со присутните гости.

На досега реализираните панел дискусиите и со издавање на „Прирачник за родители на млади спортисти“ од авторката д-р Љубица Бачанац, во текот на изминатите 3 години учествуваа голем број регионални и светски имиња и легенди од областа на спортот, спортската и клиничката психологија и медицина: Жељко Обрадовиќ, Светислав Пешиќ, Дејан Савиќ, Александар Шоштар, Владимир Радмановиќ, Соња Васиќ, Виктор Троицки, Андреа Лекиќ, Љубомир Павловиќ, д-р Ранко Рајовиќ, д-р Александар Мисојчиќ, како и основачите на Фондацијата, Новак и Јелена Ѓоковиќ.

Ни претставува чест што за прв пат организираме панел-дискусија во рамки на програмата „На патот на Шампионот” во гордата, спортска нација како што е македонската, блиска по срце на сите во „Фондација Новак Ѓоковиќ“. Во четвртата година од реализацијата на активностите во рамки на програмата, која низ девет инспиративни панел-дискусии беше домаќин на еминентни експерти од светот на спортот, среќни сме што во Скопје ќе имаме можност да разговараме за мотивацијата со извонредни соговорници. Се надевам дека се што правиме преку оваа програма ќе биде силна основа за конкретен придонес кон подобрата иднина на спортот во нашиот регион и неговото значење во здравото растење на децата.“ – изјави Ана Јовановиќ, авторот на програмата „На патот на Шампионот“.

„Фондација Новак Ѓоковиќ“  е основана во 2007 година како организација која вложува во предучилишното образование во Србија. Работата на Фондацијата се темели на верувањето дека предучилишното образование може да го промени животот на децата и целата заедница. Оваа цел е постигнува преку креирање на најквалитетни програми во кои 2.237 воспитувачи и наставници имале можност за усовршување. Преку програмите за поддршка, „Фондација Новак Ѓоковиќ“ до сега изградила, реконструирала или опремила 58 градинки и помогнала на повеќе од 8.670 родители и влијаела на развојот на преку 54.000 деца ширум Србија. Во рамки на 15-годишната работа, преку реализација на проектите, Фондацијата континуирано се развивала и унапредувала. Исто така, Фондацијата се залага за носење на светски истакнати експерти од областа на родителството и раниот развој, во Србија и земјите од регионот. По посетата на д-р Шефали во 2022 година, минатата година Фондацијата во Србија и во регионот го донесе и д-р Габор Мате.

Advertisement