Connect with us

Фото

ФОТО: 11 милиметри – толку фалеа за среќа на Ливерпул

Додека беше 0:0 на натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул, се случи карамбол пред голот на „Граѓаните“, а стоперот Џон Стоунс тогаш успеа да ја спаси својата екипа со тоа што речиси целата топка ја извади од голот.

View this post on Instagram

1.1cm ? . . . #PL #PremierLeague #MCILIV

A post shared by Premier League (@premierleague) on

Малки фалеше на „Етихад“ прв да се радува Ливерпул. Прво, Садио Мане погоди статива кога го проигра Мо Салах за да се направи карамбол од Џон Стоунс и голманот Едерсон. Сепак, Стоунс ја расчисти ситуацијата и ја извади топка од голот, бидејќи беше само 11 милиметри за целосно да ја премини линијата.

„Дадов се од себе да ја расчистам ситуацијата, слушнав дека беше баш близу“, рече по натпреварот, Џон Стоунс.

Попрецизни податоци покажуваат дека Ливерпул не успеа за точно 11,2 милиметри. Натпреварот заврши со победа на „Граѓаните“ 2:1.

Facebook