Connect with us

Фудбал

ФОТО: 2050-та година, Пандев се уште дава голови во Серие А

Горан Пандев попладнево погоди против Каљари што воедно беше единствениот гол на мечот со кој Џенова славеше со 1:0.  Неговиот тим игра се подобро, три меча имаат една победа и две нерешени средби, а целта секако е опстанок.

Македонскиот најдобар фудбалер има 37 години, но игра во добра форма. Постигна вкупно 6 погодоци сезонава. Најдобриот комплимент, малку и комичен го даде познатата спортска обложувалница „Вилијам Хил“. На твитер на оваа обложувалница осамна твит кој вели:

-2050-та година, Пандев се уште постигнува голови во Серие А!