Фудбал
ФОТО: Алексис Санчез за 2,3 милиони евра купил луксузен стан, го навести неговиот нов клуб
Напаѓачот на Интер, кој е на позајмица од Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез по завршувањето на сезоната ќе има нов клуб. Интер нема да го откупи неговиот договор, а Јунајтед не планира да го задржи.
Проблеми се секако неговата форма која е во пад, но и големите месечни примања.
Но, се најде клуб кој веројатно ќе ги плати неговите побарувања. Станува збор за Интер Мајами, чиј сопственик е Дејвид Бекам и кој од оваа сезона за прв пат ќе се натпреварува во МЛС лигата.
Шпекулациите за ова ги подгреа и податокот дека Санчез купил луксузен стан во Флорида, во непосредна близина на плажата, за 2,3 милиони евра.
Фудбалерот се уште не се огласил, но медиумите речиси се убедени дека Мајами е неговата следна дестинација.

