Фудбал
ФОТО: Ангеловски „прв” во „Панини” покривајќи ја Северна
Еден од колекционерите се сетил да најде место за селекторот Игор Ангеловски. Затоа што тренерите ги нема во албумот, тој решил да направи сликичка со ликот на популарниот Мрме, а и најде и доста добро место.

„Затоа што Ангеловски заслужува да го има овде!“, стои во дел од коментарите. Кружи и фотографија каде повеќето ја лепат лично изработената сликичка од Игор Ангеловски.