Connect with us

Фудбал

ФОТО: Арсенал претстави ново засилување, не е она што го очекуваа навивачите

Екипата на Арсенал го претстави новото засилување. Станува збор за дефанзивецот од Херта, Омар Рeкик. Секако, ова име не е она што го очекуваат навивачите, кои се надеваат дека во овој преоден рок ќе пристигне некоја голема ѕвезда.

Овој 19-годишник може да ги покрие сите позиции во дефанзивниот ред, а прво ќе игра за тимот до 23 години, преку кој ќе се бори да обезбеди место во најдобриот состав. Роден е во Холандија, играше за младинските категории на оваа земја, но и за Тунис. Во текот на својата младинска кариера настапуваше за ПСВ, Феенорд, Манчестер Сити и Марсеј, а потоа заврши во Херта.