Connect with us

Фудбал

ФОТО: Бензема потпиша до 2023-та, го нема Меси, го нема Роналдо, ќе „владее“ ли тој со Шпанија

Карим Бензема го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2023-та година. Информациите ги потврди самиот клуб објавувајќи неколку стории на социјалните мрежи со Французинот. Бензема дојде во Реал во 2009-та година од Лион. Со овој клуб освои се што можеше да се освои, од шампионски титули, домашниот пехар, до Лигата на шампионите, Европскиот суперкуп и Светскиот клупски куп. Осанута секако уште едно признание кое му недостига, а тоа е најдобар стрелец во Шпанија и играч на годината. Сега, со оглед на тоа дека го нема Меси, а го нема ниту Роналдо, во чија сенка беше досега, има шанси да владее со Шпанија.