Connect with us

Фудбал

ФОТО: Бил голема фудбалска надеж, но загина при обидот да избега од Авганистан на воениот авион на САД

Фотографиите и снимките од аеродромот од Кабул, Авганистан, пред неколку дена ја шокираа светската јавност. Авганистанците се качуваа на тркалата и на крилата на авионите во обид да избегаат од Кабул и Талибанците. Поголемиот дел од нив загинаа при самото полетување на авионот.

Меѓу настраданите е и младиот фудбалер Заки Анвари, кој бил голем талент и надеж на оваа земја. Анвари бил репрезентативец на оваа земја.

Агенцијата АФП објави дека Анвари бил едно од лицата кои загинале во моментот кога воениот авион на САД Ц17 ја напуштал пистата.

Според оваа агенција Анвари се качил на просторот кај тркалата на авионот, но веднаш по полетувањето паднал и загинал. Овој млад фудбалер имал само 19 години.

Портпаролот на Олимпискиот комитет на Авганистан Ареф Пејман ја потврди смртта на младиот Анвари.