Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Богаташ купил цел фудбалски тим само да може неговиот син кој има 125 килограми да игра напаѓач

Апсурдна приказна доаѓа од Кина. Еден богаташ купил цел фудбалски тим само да ја исполни желбата на неговиот син да биде фудбалер. Станува збор за второлигаш од Кина Зино Цију, а во тимот како напаѓач игра неговиот син Хе Шихуа.

Ова немаше да биде чудно доколку стануваше збор за некој голем талент. Но, неговиот син има 125 килограми, а тренерот мора секој меч да го става во игра. Задолжително тој ги изведува сите пенали, корнери и слободни удари.