Фудбал
ФОТО: „Бркотницата“ во Италија почнува, ова е комплетниот календар на Јувентус, Интер и Лацио
Италијанската Серие А го објави распоредот на екипите до крајот на сезоната. По одложените мечеви во минатото коло и пред минатото, поради коронавирус, настана хаос во термините. Се лутат екипите, многумина го обвинија раководството на лигата дека првенството нема да биде регуларно, поради поместувањето на термините, бидејќи некој игра, а некој не. Сепак, се чини дека Јувентус, Лацио и Интер до самиот крај ќе ја водат трката за титулата, се разбира доколку нешто не се смени во наредните неколку кола.
Ова е комплетниот распоред до крајот, а која екипа има потежок календар, оценете сами.
