Connect with us

Фудбал

ФОТО: Доби мурал, а наскоро и статуа пред „Етихад“

Неговиот клуб вечерва го игра последното коло од Премиер лигата против Евертон, а тоа ќе биде и последниот натпревар на Аргентинецот на „Етихад“ за клубот во кој се приклучи во 2011 година од Атлетико Мадрид.

Аргентинецот остави голем впечаток во Сити и ќе биде запаметен како еден од најголемите играчи во историјата на клубот. Во негова чест беше направен огромен мурал во градот на кој е претставен моментот кога на клубот му ја донесе шампионската титула во 2012 година. Тој доби и мозаик пред тренинг-центарот на Сити, а наскоро ќе биде направена и статуа која ќе стои пред стадионот „Етихад“.

Агуеро има освоено пет шампионски титули, еден ФА Куп и шест Лига купови во десет одлични сезони и ќе остане запаметен како најголемиот играч на тој клуб во историјата. На 388 натпревари, тој постигна дури 258 голови со 73 асистенции, а на 29 мај против Челси во Порто, тој има можност да ја освои Лигата на шампионите.

Сити претстави и мозаик во градот со лик на 32-годишниот Аргентинец пред тренинг центарот на Сити. Клубот исто така нарача споменик во чест на Аргентинецот.

Агуеро треба да ја продолжи кариерата во Барселона, со која наводно е во напредни преговори. Тој ќе дојде на „Ноу Камп“ како слободен агент, а договорот треба да биде потпишан до 2023 година. Пред да дојде во Сити, Агуеро постигна 100 голови за Атлетико Мадрид на 230 натпревари.