Connect with us

Фудбал

ФОТО: Екс-претседателката на Хрватска на колена откако „ватрените“ одат во Катар

Поранешната претседателка на Хрватска објави фотографија како е на колега пред телевизор во домашни услови и како го гледа натпреварот на Хрватската фудбалска репрезентација.

По денешниот натпревар Хрватска оди во Катар, а таа честиташе со фотографија на социјалните мрежи.

May be an image of 2 people, people standing and indoor

Хрватската фудбалска репрезентација ќе биде меѓу репрезентациите кои ќе играат на Светското првенство во Катар во 2022 година, откако денеска во Сплит ја совлада Русија со 1-0 (0-0) и со тоа го освоија првото место во својата квалификациска група, со бод повеќе од Русите кои ќе играат во дополнителните квалификации во март следната година.