Connect with us

Фудбал

ФОТО: Елиф Елмас на насловните страници во Италија, сигурно ќе биде и во тимот на колото во Лига Европа

Големо внимание италијанските медиуми му даваат на Елиф Елмас, кој синоќа со два гола беше најзаслужен за победата на Наполи против Лестер од 3:2 и пласманот во нокаут фазата во Лига Европа. Заедно со Зеленски, Елиф доби највисока оценка на овој меч и речиси сигурно ќе биде во тимот на колото во Лига Европа.