Connect with us

Фудбал

ФОТО: Елиф Елмас во друштво со Фернадеш, Шмајхел, а пред Бускетс, Сане, Гизман…

Специјализираниот сајт за фудбал „Трансфермаркт“ објави интересен статистички податок за најсилните пет лиги во Европа, односно за фубалерите. Податоците се однесуваат на тоа кој фудбалер одиграл најмногу натпревари, вклучувајќи ги сите конкуренции, односно за клубот за кој играат во домашното првенство, купот, европските настаи, но и за репрезентацијата на својата земја.

Интересно за нас е тоа што на оваа листа има наш фудбалер, тоа е Елиф Елмас. Според овој портал тој во 2021 година одиграл 70 мечеви во сите конкуренции, а пред него се Фернандеш од Манчестер Јунајтед/Португалија, потоа Шмајхел од Лестер/Данска, Диаз Манчестер Сити/Португалија. Зад Еласм се фудбалери како Бускетс од Барселона/Шпанија, Гризман од Атлетико Мадрид/Франција и Сане од Баерн Минхе/Германија.

Инаку, кога сме веќе кај Елиф Елмас, утрово стигна информација од Наполи дека тој е позитивен на Ковид 19 и дека можно е да го пропушти дербито со Јувентус кое е на програмата на 6-ти јануари.