Фудбал
ФОТО: Елмас ќе блесне на ЕП, најавува еден од најпопуларните фудбалски магазини „ФорФорТу
Еден од најпопуларните фудбалски магазини „ФорФорТу“ предвидува дека на Европското првенство (ЕУРО 2020) ќе блеснат Фоден, Педри, Жоао Феликс… и нашиот Елмас!
Англискиот магазин кој веќе ја претстави Македонија најавувајќи нѐ како „аутсајдери кои на секого може да му го раскрвават носот“, сега го смести Елмас меѓу младите фудбалери кои се очекува да заблескаат и уште повеќе да си ја кренат цената.

„Дебитантот Македонија планира нови епски изненадувања на својот прв настап на големата сцена, а Елмас без сомнение игра многу важна улога кај дебитантот, толку голема каква што имаше во епската победа со Германија со 2-1 во март годинава. Младиот 21-годишен фудбалер веќе има 80 настапи за Наполи и беше најдобар фудбалер на Македонија во 2019 година и со добар настап на Евро 2020, неговата вредност само може уште повеќе да порасне“, пишува „ФорФорТу“.