Фудбал
ФОТО: Фантастична статистика на Енис Барди, подобар само Лионел Меси
Енис Барди по подолго време настапи на еден натпревар и тоа во Купот на Кралот против Ваљадолид, кој неговиот Леванте го доби со 4:2. На овој меч, Барди постигна гол од слободен удар за водство на неговиот тим од 1:0.
Според „Опта“, која се занимава со статистичките податоци на фудбалерите во најсилните лиги, Енис Барди, од сезоната 2017/2018 има постигнато седум голови од слободен удар. За овој период, во оваа статистика подобар од него е само Лионел Меси кој постигнал дури 21 гол од слободен удар.