Фудбал
ФОТО: Фенербахче почна со провокации така што му го „едитираа“ грбот на Динамо
Динамо Загреб во групната фаза од Лига Европа ќе игра против Фенербахче, Андерлехт и Спартак Трнава.
Тоа беше одлучено на денешната ждрепка, а Динамо ке има тешки ривали и мечеви, посебно оној во Истанбул, не е тешко да се заклучи.
Фенербахче на својот Фејзбук канал ги претстави своите три ривали, но направи една мала грешка и тоа баш кај грбот на Динамо.
На грбот на Динамо, имено е додадена црвена ѕвезда. Намерно или случајно, тешко е да се каже.
Динамо до 1911. година го има променето својот грб 16 пати, а петокраката ја нема од 1911. година. Но сега му е вратена на грбот. Во претходните неколку години тоа го направиа Лион, Олимпиакос па дури и Баерн Минхен.
