Тајмаут
ФОТО: Фудбалер добил ќотек од сопругата, но таа нема кривично да одговара, тој вели-Таа е мојата ѕвезда
Неверојатната сцена се случила во јули минатата година помеѓу фудбалерот на Питсбург Стилерс, Двејн Хаскинс и неговата сопруга Калабраја.
Бекот на Стилерс се скарал со сопругата во Лас Вегас, а потоа таа решила физички да го нападне.
Хаскинс не се снајде најдобро. Не сакал да реагира, добил бројни удари од кои му била расцепена усната, а му бил искршен забот. Калабрија Гондрезик-Хаскинс потоа беше уапсена поради напад на нејзиниот сопруг. Таа накратко била зад решетки и набрзо била ослободена.
Изминативе денови стигна правосилната пресуда за семејно насилство. Калабрија е ослободен од обвиненијата и повеќе не се гони.
Двејн Хаскинс и по овој инцидент и остана верен на сопругата и уживаат во заедничкиот живот.
„Таа е мојата ѕвезда“, напиша неодамна Хаскинс на социјалните мрежи.
Овој фудбалер беше избран на НФЛ драфтот во 2019 година од Вашингтон, а од оваа сезона е член на Стилерс.