Connect with us

Фудбал

ФОТО: Фудбалер на Евертон го имитираше Роналдо со прослава на гол, а Португалецот по мечот му подари дрес

Манчестер Јунајтед одигра само 1:1 на домашен терен против Евертон. На овој меч Кристијано Роналдо во игра влезе во вториот дел, а натпреварот од првата минута не го почнаа ниту Санчо и Погба.

Стрелец на голот за Евертон кој знаеше и голем бод бепе Таунзент. Интересно е тоа што тој одлучи голот да го прослави во стилот на Кристијано Роналдо. Сите мислеа дека го исмејува Португалецот, но по мечот Таунзент изјави дека само сакал да покаже респект кон фудбалерот.

А, Кристијано Роналдо покажа каков господин е, па му подари дрес.