Connect with us

Фудбал

ФОТО: Фудбалер на Реал Мадрид на позајмица во Арсенал

Она што го најавуваа англиските, но и шпанските медиуми, денеска се покажа како вистина. Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Мартин Одегард е нов член на Арсенал. Тој за „Топџиите“ ќе игра како позајмен фудбалер до крајот на сезоната. Одегард, кој во Реал дојде како голем талент во 2015-та година никогаш не го докажа својот квалитет, барем не како што се најавуваше. Често пати е испраќан на позајмици.