Connect with us

Фудбал

ФОТО: Фудбалерите пристигнаа во Милано, но со маски на лицето, без публика, но и забрана за новинари

Утре вечер Интер против Лудогорец го игра реваншот во ЛЕ. Фудбалерите на бугарскиот тим попладнево пристигнаа во Милано, а целата експедиција носеше маски на лицата. Причина е превенцијата од коронавирус.

Како што е познато, токму поради тоа натпреварот се игра без публика, а на барање на двата тима и дозвола од УЕФА нема да има ниту новинари, туку само камерманите кои ќе бидат задолжени за реализација на ТВ преносот.

Мечот започнува во 21 часот утре, а првиот дуел го доби Интер со 2:0.