Фудбал
ФОТО ГАЛЕРИЈА: Пелистер – Академија Пандев, навивачите како знаат и умеат се снаоѓаат за да гледаат фудбал
По пауза од пет месеци се врати фудбалот во Македонија. Викендов почна првото коло од новата сезона. Вчера Вардар загуби од Борец, а попладнево се играат останатите мечеви во кои се среќаваат Беласица – Силекс, Ренова – Струга Трум Љум, Македонија ЃП – Работнички, Пелистер- Академија Пандев и Шкупи –Шкендија.
Како што е познато мечевите се играат без присуство на публика поради коронавирусот, а фотографиите од мечот Пелистер-Академија Пандев покажуваат дека љубителите на овој спорт, како знаат и умеат се снаоѓаат за да го гледаат натпреварот.
Инаку, фудбалерите се надвор на теренот за време на полувремето, бидјеќи не е дозволен влез во соблекувалните.


