Connect with us

Фото

ФОТО ГАЛЕРИЈА: Се врати публиката, Македонија со поддршка

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на пријателскиот меч против Словенија (18:00 ч) има поддршка од трибините. Конечно по долго време, по година и повеќе гледање и бодрење на само на ТВ, македонските репрезентативци ќе добијат поддршка од трибините. Поради пандемијата со коронавирусот не бевме во можност да им дадеме поддршка на патот кон историското Европско првенство. Секаде во светот, па и кај нас, беше забрането присуство на публика на стадионите. Сепак, со намалувањето на пандемијата, се враќа и публиката на стадионитте. Таков е случајот и кај нас, вечерва е дозволено 30 отсто од вкупниот капацитет на Арената „Тодор Проески“, или нешто над 10.000 фанови. Ова секако е добра можност со публика да ги испратиме нашите момци на Европското првенство кое почнува на 11-ти јуни. Пред патувањето, освен со Словенија, Македонија ќе одигра уште еден пријателски меч во Скопје со Казакхстан, а првиот меч на ЕП го игра на 13-ти јуни против Австрија.

 

Реклама

Facebook