Connect with us

Фудбал

ФОТО: Германецот Вернер го промаши логото на Челси

Еуфоријата изгледа беше голема, па наместо кон логото, со прстот покажа малку над логото.

Овој потег на германецот Тимо Вернер денеска е вистински хит на социјалните мрежи. Тој во синоќешното финале на Лига на шампиони за само 15 минути промаши две огромни шанси, но и покрај тоа неговата екипа го освои трофејот.

Навивачите си тераат мајтап со напаѓачот, а овој пат со фотографија на социјалните мрежи дека Германецот го промашил дури и логото на дресот на Челси.