Connect with us

Фудбал

ФОТО: Германија во Скопје доаѓа со најдоброто што го има, Флик има моќен состав

Слекторот на германската фудбалска репрезентација Ханси Флик го објави списокот на фудбалери кои ги повикал и на кои ќе смета за квалификациските мечеви за пласман на СП во Катар 2022, кои ќе се одиграат во октомври месец. На големиот празник 11 Октомври, Германија гостува во Скопје, на Македонија, а три дена претходно на домашен терен играат против Романија.

Единствените проблеми на Флик се Госенс од Аталанта и Гундоган од Манчестер Сити, кои поради повреди нема да бидат во комабијација. Сепак, и без нив Германија изгледа навистина моќно. Избраниците на селекторот Благоја Милевски навистина пред себе имаат голем предизвик.

За потсетување, на првиот меч од овие квалификации Македонија ја шокираше Германија на гостински терен и славеше со 2:1, што беше прв пораз на Германија на домашен терен во квалификации за СП по пауза од 2:0.

Но, сега е ситуацијата сосема поинаква. Германија има нов селектор тоа е Флик, а и Македонија, Благоја Милевски место Ангеловски. Секако, за разлика од тој меч, на овој ќе го нема и нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев.

Македонија пред пресметката со Германија, на 8-ми октомври игра против Лихтенштајн. Во моментов во групата Германија е прва со 15 бодови, следува Ерменија со 11, Романија има 9, Македонија 8, Исланд 4, Лихтенштајн 1 бод.