Тајмаут
ФОТО: Германската фудбалска легенда повторно се разведе, ова се сите негови жени, не се знае која е поубава
Поранешниот германски репрезентативец и поранешен играч на Борусија Менхенгладбах, Интер и Баерн, Лотар Матеус повторно се разведе.
Матеус имал многу жени во текот на својот живот, но се оженил со пет од нив. Но, по петти пат, тој одлучи да се разведе.
Неговата последна сопруга беше 33-годишната Русинка Анастасија, со која има син. Тие беа во брак од 2014 година, но сега и самиот Матеус потврди дека бракот пропадна.
-Во еден момент сфативме дека веќе не ги делиме истите интереси и дека повеќе не треба да бидеме заедно. Останатото се лични работи за кои луѓето не треба да ги интересира. Нема потреба од кавга или лутина. Немаше други партнери во нашите животи во последниве години, изјави Матеус за германските медиуми.
Се разведе од Силвија (сега 61), Лолита (60), Маријана (50) и Лилјана (33) пред Русинката.
Меѓутоа, германската легенда, кој има 60 години, не е сам откако се разведе од Анастасија. Пред само една недела, тој беше забележан со млада девојка на плажа на грчкиот остров Миконос.
Маријана (50)

Силвија (61)

Лилијана (33)

Лолита (60)

Анастасија (33)
