Connect with us

Фудбал

ФОТО: Го добивме и најстариот играч кој ја освоил „Златната копачка“ во Премиер лигата

Лестер има за што да жали. До пред неколку кола беа на чекор до пласман во Лигата на шампионите, но во последното коло по поразот од 2:0 од Манчестер Јунајтед, ќе мора да се задоволи со Лига Европа.

Но и ова е успех за некогашниот шампион на Англија, ако се знае дека немаа добар почеток на сезоната.

Сепак, причина за славје има нивниот напаѓач Џејми Варди. Имено, тој е најдобриот стрелец во лигата за оваа сезона и ја освои „Златната копачка“ во Премиер лигата.

Тоа го постигна со своите 33 години, па ќе биде запишан во историјата на англискиот фудбал како најстариот фудбалер кој ја освоил „Златната копачка“. Секако ова ќе важи се додека некој не го сруши неговото постигнување.