Фудбал
ФОТО: Го истетовирал Рамос на ногата, но „тоа“ личи на се’, освен на Рамос
Навивач на Реал Мадрид одлучи на ногата да го истетовира Серхио Рамос, но неговата идеа не е до крај остварена онака како што, веројатно сакал тој.
Серхио Рамос бес сомнение е еден од најдобрите стопери на светот и играч кој го почитуваат многумина, а особено навивачите на „кралскиот“ клуб.
Некои толку многу го обожаваат што на нивното тело го тетовираат неговиот лик, но еден од навивач неславно се „прослави“, затоа што на интернет се појави фотографија од тетоважата на неговата нога, а таа личи на се’, само не на Рамос.
„Па ова не е Рамос, ова е Меси“, беше еден од коментарите, а некои сметаат дека тоа повеќе личи на Оливие Жиру.
Следниот пат кога ќе се одлучи да тетовира некој од своите идоли, сигурно ќе побара некој подобар салон за тетовирање.
This Real Madrid fan got a tattoo of Sergio Ramos. But it looks like Lionel Messi. pic.twitter.com/kvz24JF7d4
— Roy Nemer (@RoyNemer) February 16, 2019