Connect with us

Фудбал

ФОТО: Го сруши Лацио на Сан Сиро, па се опушти по натпреварот

Милан синоќа во 92. минута успеа да победи против Лацио (3:2) и да се врати на првото место во Серија А.

Сите мислеа дека Интер ќе ја заврши 2020 година на прво место, но играчите на Милан не се предадоа. Кога сите очекуваа крај, „росонерите“ го постигнаа победничкиот гол, а херој беше Тео Хернандез.

Серија А продолжува на почетокот на 2021 година, а играчите на италијанските тимови добија кратка, но заслужена пауза.

По синоќешниот натпревар, Тео реши малку да се опушти и да испие неколку пијалоци, но апсолутно никој во Милано не му замери по победата против Лацио.