Connect with us

Фудбал

ФОТО: Голманот на Египет одби награда за играч на мечот поради верски причини

Уругвај вчера во дуелот од група А успеа да постигне гол во самиот финиш на натпреварот и да го победи Египет со минимални 1-0.

Уругвај не покажа некоја импресивна игра против Египет. Сепак Уругвајците имаа поголем посед на топката, а успеаа да создадат и неколку опасни шанси.

На голот на Египќаните одличен беше Мохамед Ел Шенави, и успешно ги скроти сите удари на противникот. Сепак, одличниот Ел Шенави беше немоќен кога во 89. минута Хименес со глава погоди за победа на Уругвај.

И покрај примениот гол, Ел Шенави заслужено беше прогласен за најдобар играч на натпреварот, но тој не сакаше да ја прими наградата.

Имено, тој ја одби наградата за играч на натпреварот бидејќи спонзор на оваа награда е компанијата Будвајзер, која произведува алкохолни пијалоци. Ел Шенави е од муслиманска вероисповест и поради тоа не сакаше да ја прими наградата која ја спонзорира компанија која произведува алкохол.