Тајмаут
ФОТО: Хајди Клум објави гола фотографија во „дресот“ на Германија и ги фрли навивачите во транс
Синоќа репрезентацијата на Германија беше поразена на првиот натпревар на Европското првенство против Франција со 1:0.
Германија играше пред своите навивачи на „Алијанц Арена“ во Минхен, а на крајот навивачите на Франција имаа повеќе причини за славење.
Актуелните светски шампиони успеаја да стигнат до победа од 1:0, а решавачкиот момент се случи кон средината на првото полувреме кога дефанзивецот Матс Хумелс ја затресе мрежата.
Во центарот на вниманието пред овој натпревар беше Хајди Клум, која на интересен начин реши да испрати поддршка до играчите на Германија.
Хајди објави разголена фотографија во дресот на германската репрезентација на социјалните мрежи, но се чини дека тоа не им донесе многу среќа на играчите на оваа репрезентација.
Сепак, многумина се воодушевени од тоа колку одлично изгледа овој модел со оглед на тоа што има 47 години.
View this post on Instagram
Хајди ја следат над осум милиони луѓе на Инстаграм и навистина е импресивно колку одлично изгледа со оглед на тоа што има скоро 50 години.
Фотографијата во германскиот дрес на која беше оскудно облечена има скоро 200.000 лајкови, но не донесе многу среќа на репрезентацијата на оваа земја како што сакаше.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram