Фудбал
ФОТО: И фудбалерите на Брегалница се фрлаа по крстот по повод Водици и тоа во Анталнија
И фудбалерите на Брегалница денеска во својата база во Анталија го одбелажаа симболично еден од најголемите христијански празници Богојавление Водици. По редовниот утрински тренинг, „сините“ добија можност за еден вид заедничка слободна дружба во насока на јакнење на тимскиот дух, а комбинирана и со физички вежби во вода, во хотелскиот комплекс, која беше искористена и да се одбележи големиот православен празник.