Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Ибрахимовиќ тестираше ново Ферари

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ја посети базата на Ферари во Маранело и се сретна со двајца од пилотите и директорот на Црните коњи, Матија Биното, во познатиот ресторан Кавалино.

Златан направи неколку круга со Карлос Саинц, а потоа ја шутна топката со него. Шарл Леклер му го покажа првиот болид кој победил на трка во Формула 1.

Швеѓанецот не пропушти да го тестира новото Ferrari 296 Gtb, plug-in хибрид со 830 КС, кој има V6 мотор.

Кога го купувате Ибрахимовиќ, купувате Ферари“, изјави 40-годишниот голгетер.