Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Имала маратонски се*с со колега, стана позната поради тоа, сега стигна и до Токио

Натпреварувачката која пред пет години ја шокираше јавноста, повторно ќе настапи на Олимписки игри, втор пат во нејзината кариера. Бразилката Ингрид Оливеира (25) е девојка која на претходните Олимписки игри во Рио Де Жанеиро имала маратонски секс со колегата, кајакар, Педро Гонсалвеш. Поради тоа се најде во центарот на вниманието во Бразил за време на тие игри.

За ова зборуваше нејзината колешка во синхронизирано пливање Џована Педроса. Имено, таа откако беше незадоволна од освоеното осмо место во оваа олимписка дисциплина, синхронизирано пливање, за лошиот резултат ја обвини нејзината колешка Оливеира дека цела вечер имала секс со кајакарот Гонсалвеш. Згора на тоа, наводно ја исфрлила цимерката од собата, за да може да имаат бурна ноќ со кајакарот. Но, подоцна Оливеира се огласи и демантираше.

-Да, го однесов Педро во собата, но никого не исфрлив надвор. Не ме дисквалификуваа од Олимписките игри како што се зборуваше. Го правевме она што го правеа и многу други, сакавме нешто повеќе, изјавила Оливеира.

Сепак, ниту едната ниту другата немаат докази за ова што го зборуваат. 25-годишната Оливеира на Олимписките игри во Токио ќе се натпреварува во скокови во вода, а ќе скока од 10 метарска висина.


 

Facebook