Фудбал
ФОТО: Јувентус доби „лајк“ на прославата од поранешниот капитен на Интер
Јувентус го елиминираше Интер во полуфиналето од Купот на Италија, откако во двомечот беше подобар со 2:1. Синоќа во Торино мечот заврши без голови, но на првата пресметка „Старата дама“ во Милано славеше со 2:1.
Веднаш по синоќешниот дуел, Јуве објави фотографија од соблекувалната за елиминацијата на Интер, а меѓу останатите кој ја „лајкна“ фотографијата е и поранешниот капитен на „Нероаѕурите“ Мауро Икарди кој сега игра во ПСЖ.
Аргентинецот беше во лоши односи со навивачите на Интер кога замина, а сега се разбира уште повеќе тие ќе бидат бесни на него. Интересно е тоа што во минатото Икарди се поврзуваше со трансфер во Јувентус.
? #Icardi, like ai festeggiamenti social della #Juve dopo l'eliminazione dell'#Inter pic.twitter.com/eOQHa4jpY5
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) February 10, 2021