Ракомет
ФОТО: Како Игор Карачиќ ја честиташе победата на РК Вардар
Игор Карачиќ, поранешен член на шампионски Вардар е пријатно изненаден од победата на „црвено-црните“ против ППД Загреб иако губеа со негатива од шест гола. Тој им ја честиташе победата со порака „Браво браќа“.
РК Вардар ќе игра утре финале во СЕХА лигата против Веспрем, откако синоќа го совлада ППД Загреб на пенали, во вистинска драма. Регуларниот дел беше 26:26.
