Connect with us

Фудбал

ФОТО: Како само убаво стои, новиот капитен Енис Барди во друштво со Кејн, Ван Дајк, Левандовски, во тимот на квалификациите за СП

За прв пат во својата фудбалска историја Македонија ќе игра бараз за пласман на СП. Нашите момци го освоија второто место во групата откако во последното коло славеа против Исланд со 3:1.

Но, освен колективен, забележан е и индивидуален успех. Новиот капитен на македонската репрезентација Енис Барди се најде во идеалниот тим на квалификациите.

Тој има петта најдобра оценка на популарниот сајт „WhoScored“ во тимот на колото.

Клучен играч на Македонија за второто место и пласман во баражот, Барди му се приклучи на Тадиќ во средниот ред во овој идеален тим. Страшен настап во убедливите 5-0 над Ерменија кога постигна хет-трик, но имаше несреќа да го заврши циклусот со само две асистенции и просек од 2,3 клучни додавања во меч. Барди играше добро за Македонија во текот на целите квалификации иако не ги одигра сите мечеви, во тимот влегува со оценка од 7,82“, стои во описот за Барди.

Голман во идеалниот тим е Бухел од Лихтанштајн, во централниот дел од одбраната се Мегваер (Англија) и Ван Дајк (Холандија), на бековските позиции се Кансело (Португалија) и Мае (Данска), во срцето на средниот ред покрај Барди е Тадиќ (Србија), на крилните позиции се Берхаус (Холандија) и Депај (Холандија), во нападот се Кејн (Англија) и Левандовски (Полска).