Connect with us

Фудбал

ФОТО: Каква статистика, 150 минути Интер не дозволил никој да му шутне на гол, последен тоа го сторил Ибрахимовиќ

Се чини дека Антонио Конте конечно го пронашол рецептот за цврста одбрана. Иако Интер на почетокот на сезонава многу лесно примаше голови, сега не е таков случајот. Имено, статистичарите пресметале дека 150 минути никој не шутнал во рамките на голот на Интер, односно толку минути голманот Хандановиќ немал посериозна работа.

Последен пат тоа го сторил Ибрахимовиќ во дербито во четвртфиналето во Купот на Италија, кое Интер го доби со 2:1, а Ибра голот го постигна во 31-та минута. На тој меч ова беше единствениот удар на Милан во рамките од голот на Интер. Во вториот дел од тој меч „Росонерите“ не упатија ниту еден удар, а синоќа Беневенто во текот на 90 минути не успеа ниту еднаш да го натера Хандановиќ да интервенира.

Ова сигурно ќе се смени во вторник кога на „Цузепе Меаца“ гостува Јувентус во рамките од полуфиналето од Купот на Италија.