Connect with us

Фудбал

ФОТО: Какви само фудбалски мајстори има на листата, овие ѕвезди од 1-ви јуни 2021 се слободни играчи

По завршувањето на оваа сезона многу фудбалери стануваат слободни играчи. Меѓу нив има звучни имиња од кои „боли глава“. Тоа значи дека уште сега можат да преговараат со други тимови за трансфер, а ако постигнат договор, тогаш како слободни играчи без обештетување можат да ја променат средината.

Секако најзвучното име е Лионел Меси, но тука е и столбот на одбрата на Реал Мадрид, Серхо Рамос, виртуозот на фудбалскиот терен од Манчестер Сити, Серхио Агуеро, потоа фантастичниот напаѓач на Лион, Мемфис Депај, па Анхел Ди Марија од ПСЖ, Боатенг од Баерн Минхен, голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума и други. Сите овие фудбалери на 1-ви јануари 2021 можат да почнат преговори со други екипи, без да ги прашаат нивните актуелни тиови.

Останува да се види дали во летниот преоден рок ќе имаме шокантни трансфери или сепак овие фудбалери ќе ги продолжат договорите со нивните тимови.