Connect with us

Фудбал

ФОТО: Колку голови примиja од Лионел Меси, толку пива добија и тоа со специјална бројка

Лионел Меси пред неколку дена го надмина легендарниот Пеле по бројот на постигнати голови во дресот на еден клуб. Пеле имаше 643 во дресот на Сантос, додека Меси за Барселона постигна 644. Трет на оваа листа е Герд Милер кој постигна 570 голови во дресот на Баерн.

Еден од спонзорите на Меси, Бадвајзер, на посебен начин го означи огромниот успех на капитенот на Барселона.

Сите голмани на кои Меси им дал гол додека играл за Барселона ќе добијат шишиња пиво колку што добиле голови од Аргентинецот. На пример, Икер Касиљас ќе добие дури 17 шишиња.

Фотографии со шишиња веќе објавија Јан Облак, Џанлуиџи Буфон, Кепа Аризабалага …

На шишињата има и бројки, кои претставуваат колку голови имал Меси во тој момент.