Фудбал
ФОТО: Колумбиец на медицински прегледи во Тетово, наскоро и потпис?!
Колумбиецот Еди Мена Перес е на медицински прегледи во тетовскиор прволигаш Ренова. Како што информираат од таборот на некогашниот шампион на Македонија, откако успешно ќе ги мине прегледите, Перес утре би требало да се приклучи на останатиот тим на тренините.
Еди Мена Перес има 24 години, настапува во средниот ред, а последен негов клуб е колумбискиот второлигаш Ланерос.

Фото: ФК Ренова