Connect with us

Фото

ФОТО: Комична фотографија од трибините во Дортмунд кружи на Интернет

Рурското дерби меѓу Борусија Дортмунд и Шалке вечерва на Вестфален го гледаа 300 гледачи.

Обично атмосферата на славниот стадион во Дортмунд е посебна кога ќе се сретнат Борусија и Шалке, но на стадионот со капацитет од 80.000 места имаше само 300 навивачи поради пандемијата на коронавирусот.

А, комичната фотографија кружи на Интернет бидејќи, наводно, само еден навивач на Шалке бил меѓу 299 навивачи на Борусија.

Иако човекот во синиот дрес имаше среќа да се најде на трибините и да го следи во живо локалното дерби, на крајот тој го напушти стадионот тажен затоа што неговиот тим беше поразен со 3:0, а Борусија ги постигна сите голови во вторите 45 минути.