Фото
ФОТО: Лингард „го праша“ Роналдо – Чии стомачни се подобри
Кристијано Роналдо го прослави голот против Манчестер Јунајтед, во средата, во Лигата на шампионите на свој уникатен начин.
Некој би рекол: „што ти е човече, немаш 17 години“, но залудно. Португалецот е горд на неговите стомачни и ја искористи можноста да ги покаже.
На неговиот гест, одговори Џеси Лингард, играч на Манчестер Јунајтед. Бидејќи тој немал шанса да ги покаже своите стомачни во живо, тој го сторил тоа на инстаграм споредувајќи своите стомачни со оние на Роналдо.
Де Геа не ја пропушти можноста да коментира, а и Немања Матиќ и Андреас Переира го сторија истото.