Connect with us

Фудбал

ФОТО: Ливерпул го прегази Манчестер Јунајтед и израмни токму нивен рекорд од 1960-та година

Ливерпул го прегази Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 5:0 и му го нанесе еден од најтешките порази во историјата. Воедно, со оваа победа Ливерпул израмни рекорд токму на „Црвените ѓаволи“ кој датира од 1960та година и станаа само втор тим во историјата на Премиер лигата кој победил на два последователни гостински меча со пет или повеќе голови, без да се затресе нивната мрежа.Единствениот тим кој го направил тоа досега бил Манчестер Јунајтед.

На претходното гостување Ливерпул со идентични 5:0 славеше против Ватфорд.