Фото
ФОТО: Мајката „го казни“ Мохамед Салах за фотографирање со обожавателка
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах на својот „Инстаграм“ профил постави скриншот од разговорот со неговата мајка.
Иако во очите на фановите на Ливерпул, Салах речиси не може да направи нешто лошо, неговата мајката е малку построга.
Имено, на неговата мајка не му се допадна сликата на Мохамед со анонимен обожавател која се шири на социјалните мрежи.
За време на престојот во Обединетите Арапски Емирати, Салах се дружеше со обожавателите и позираше на заедничките фотографии, а на една е „фатен“ во прегратката на обожавателката.
Како што фотографијата брзо се шири на социјалните мрежи, ја најде маката на Мохамед и истата ја испрати со порака: „Да видам дека татко ти прави вака веднаш ќе побарам развод“

На Мохамед Салах, сепак, не му паднаа тешко зборовите на мајка си, па скриншотот од разговорот со неколку смајли го постави на Инстаграм.