Фудбал
ФОТО: Македонија води, но кој ја гледа од трибините?
Македонија несомнено ја оправдува улогата на фаворит во натпреварот против Летонија.
Нашата репрезентација покажа одлична игра и моментално има предност од 2:0, а головите ги постигнаа Алиоски во 11. и Елмас во 29. минута од натпреварот.
Меѓутоа, нашата репрезентација и на овој важен натпревар ја нема целосната поддршка од трибините. Само околу шест илјади навивачи ја бодрат Македонија од трибините, а околу триесет илјади столчиња останаа празни.