Connect with us

Фудбал

ФОТО: Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на играчот кој го споредуваат со Лионел Меси

Уште пред неколку дена се пишуваше дека Манчестер Јунајтед го договорил трансферот на Амад Диало Траоре од Аталанта. Сумата е 25 милиони евра, плус 15 низ бонуси.

Манчестер Јунајтед вечерва го потврди трасферот и му посака добредојде преку своите интернет и социјални страници.

Тој има 18 години и игра на позицијата крилен напаѓач. Многу спортски новинари го споредуваат со Лионел Меси според начинот на кој игра. Инаку, во победата на Аталанта над Удинезе во декември 2019-та тој стана најмладиот играч во Серие А кој постигнал гол на својот дебитантски настап со 17 години и 109 денови.